Терапевтски ласер: LLLT, aPDT
Светлоста на мекиот ласер (25-100mW, 660nm) отвора спектар на тераписка примена. На пример третман на воспаление, афти, херпеси се до ласерската стоматологија. Ласерската терапија со ниска фреквенција (LLLT), користи монохроматска ласерска светлост за стимулација на заздравување на инфицираните лезии.
Поради форосензитивноста, антимикробната Фотодинамска Терапија овозможува уништување на микроорганизмите дури и во тешко достапните предели без оштетување на околното ткиво.
LLLT користи биостимулирачка сила на светлоста за олеснување на болката, заздравување на раната и регенерација на ткивото. Мекиот ласер и нуди на стоматологијата неколку интересни полиња за апликација.
No comments:
Post a Comment