Примена на ласерите во стоматологијата
Во
модерната стоматологија се користи широка палета на различни ласерски апарати.
Така Er:YAG ласерот има огромен потенцијал за замена на самите стоматолошки дупчалки
во одредени ситуации, CO2
ласерот е доста драгоцен алат при орална хирургија, потоа аргонскиот
ласер кој се користи при мали хируршки зафати и разновидно лекување и Nd:YAG ласерот се користи при реконструкција на ткива.
Главен
проблем кој се јавува е високата цена на ласерската терапија во однос на класичната
терапија. Меѓутоа интересот за оваа нова технологија од страна на пациентите е
значително зголемен поради избегнувањето на непријатностите и лошите искуства
со кои се среќаваат на стоматолошкото столче.
LLL (Low Level Lasers) - ласери со
ниска сила
Во
однос на така наречените High Power Lasers (HPL) помалку
познати се LLL.
Овие ласери се помали, поефтини
и вршат функции во опсег од 1-500[mW]. Терапијата која се изведува со овие
ласери е наречена и Low Level Lasers Therapy (LLLT) или ласерска терапија и
според тоа и самите уреди се викаат терапевтски ласери.
Терапевтските
ласери ја вршат својата функција во видливиот и
инфрацрвениот спектар со бранова
должина од 600 – 900 [nm]. Но
се користат и ласери со бранови должини како што се 1064 [nm] кај Nd:YAG и
10600 [nm] кај
CO2 ласерите.
Енергија
која се употребува се изразува во Џули [J], а тоа е:
[J]
= [W] x [s]
Енергија
која се користи во терапија е во опсег од 1-10 [J] по точки. Дозата се изразува во [J/m2].
Површината која се третира треба да биде позната за да се пресмета дозата.
Енергија од 1[J] делува на површина од 1 [m2] и се добива [J/m2].
Ласерската
терапија како наука е многу комплексна
материја која претставува комбинација од физика, медицина, клинички процедури и
научни правила од есенцијално значење. Многу студии како позитивни така и
негативни не располагаат со доволно релевантни податоци на полето ласерска
терапија.
Ласерска терапија се
користи при:
o
Дентална хиперсензитивност[1] - Денталната
хиперсензитивност може многу успешно да се третира со ласерите со ниска сила.
o
Херпес
симплекс - Оралниот или усен херпес(HSV1) е вообичаен случај во стоматолошката
пракса. Како и секој третман така и третманот на HSV1 во почетната фаза обично е успешен.
Болката ќе биде отстранетa
веднаш, додека настанатите пликови ќе ги снема после неколку дена. Со повтарање
на третманот секој пат кога ќе се појави пликo се намалува и веројатноста за негово
повторно појавување.
o
Болка - Најчеста
мака на пациентите е секако болката. LLLТ може да ја отстрани или
намали болката од различно потекло. Непријатноста после операцијата,
која вклучува непријанот чувство на болка, може да биде значително намалена со
ирадијација пред анестезијата да го изгуби своето дејство.
o Парестезија - По орална
операција може да се појави парестезија и LLL
се користат за да се елимират или редуцират таквите компликации.
o
TMD - Проблеми во темпоро-мандибуларната
регија се решаваат со овие ласери.
o
Тригеминална
невралгија[2]- Невралгијата може некогаш во целост да
го оневозможи денталниот третман. Меѓутоа со употребата на ласерската техника,
стоматолозите можат да им пружат голема удобност на пациентите кои патат од
оваа болест.
Освен овие постојат и уште многу други
третмани кои можат да се лекуваат со ласерска терапија како што се: обнова на
коската, декубитуси, акупунктура и др.
Третман
Применетата
ласерска енергија може да помине низ ткиво без никаква трансмисија и може да се
одбие од ткивото (рефлектира). Покрај тоа енергијата може да се расее при
допир со ткивото предизвикувајќи споредни ефекти и може се апсорбира во ткивото
предизвикувајќи непосреден ефект. Во однос на силата се разликуваат ниско и
високоенергетски системи. Ласерите со ниска сила се
користат за превенција, дијагностика и за постигнување на биостимулирачки
ефект. Ласерите со висока сила се користат за
отстранување на кариес и во ласерската хирургија на тврдите и меките ткива.
Дејството
на ласерот на тврдото забно ткиво предизвикува поголем или помал топлински
ефект. Последица е вапоризација (испарување) на ткивото. Пулсните бранови
помалку се загреваат од континуираните, па топлината ќе се изрази со
безначителна вапоризација на третираната површина.
Ласерите со висока сила
во видливот спектар не се погодни за обработка на тврдите ткива, не само поради
големата рефлексија, туку и поради големата
енергија која пак послабо се апсорбира.
Со тоа се зголемува можноста за оштетување на глеѓта и околните меки ткива.
Употребата на ласерите во
инфрацрвениот спектар овозможува успешна работа на тврдата забна супстанција. Тоа се многу добро
гледа при употреба на рубинскиот ласер и CO2 ласерот. За истиот ефект што го предизвикува рубинскиот
ласер, на CO2 ласерот
му е потребна 10 пати помала енергија. Кондукцијата и пробивањето на топлината
е многу мала, бидејќи енергијата се расејува во првите неколку микрометри под
површината. Терминалната дифузија е таква што до длабочина од 10µm се губи 95% од вкупната енергија од
онаа на површината на забот.
Резултати од термички
испитувања покажале релативно слаба апсорпција на Nd:YAG ласерот на површината и во
дентинот. Енергијата брзо се пренесува до забната пулпа и затоа овој ласер не
погоден за тврдото забно ткиво.
Денешните ласери кои се користат за
отстранување на тврдата забна супстанција се засновани на Er:YAG ласерите. Тие овозможуваат употреба на
вода за ладење, се со цел да се избегне дехидратација. Предноста на овие ласери
во однос на другите е и тоа што неговата енергија скоро целосно се апсорбира во
глеѓта и голем дел на енергија предизвикува аблација (отстранување) на тврдата
забна супстанција. Така се намалува можноста од топлотно оштетување на ткивото.
Апарати кои се користат во
стоматологијата
Ласерски апарати кои се користат во
стоматологијата се:
1.
Opus DuoTM
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEgUjrMTCZq7Y9zav3omCVGAwl6hxs5OQ_N__d-wKuBluNmE73zvjMMf9sieVDTb0t-nVfLWfxGbqezxMVevSs5XHDdlqSiAycEodsOGbGtbqMVyhCV7oeSZPEasIanLBfzYoBMDIQZSjt2k/s320/OpusDuo-500x500.jpg)
Клинички случаеви: Поставување
импланти со Er:YAG ласерот, отстранување кариес со Er:YAG, продолжување на
коронката со Er:YAG и CO2 ласерите.
2.
Opus 5TM
Се користи за третмани на меки ткива и
за избелување на забите.
Бранова должина со која работи е 830nm.
3. Opus
10TM
Исто
како и претходниот служи за третмани на меки ткива и избелување на
забите и работи со иста бранова должина. Во споредба со Opus 5TM е попрактичен, може да се користи на
самата работна површина или да се закачи на ѕид.
4.
NovaPulseTM
Овој апарат го користи CO2 ласерот за хируршки зафати на меките
ткива.
[1] пречувствителност
на забите
[2] болка на
тригеминалниот нерв
Многу добар текст
ReplyDelete